Фала ви што истуравте кофи со го**а, сето тоа ќе влезе во филмот, порача Слаткар кој најави спектакл на 2 август во Охрид
Раперот Слаткар во изјава за медиумите проговори за контроверзиите поврзани со филмскиот проект за него и откажувањето од финансиската поддршка, посочувајќи дека и покрај негативните реакции, тие на некој начин му помогнале на филмот.

Тој откри дека снимањето е во напредна фаза и дека досега е реализирана речиси половина од продукцијата.
„Самиот филм веќе се снима, мислам дека е снимен скоро пола. Генерално, можеби ова што се деси – целото тоа истурање кофи со… ќе кажам, говна – веќе сум зрел за тоа. Баш кофи со говна“, изјави Слаткар.
Според него, иако од страна можеби изгледало како сериозен удар за проектот, случувањата всушност придонеле филмот да добие дополнителна тежина и автентичност.
„Можеби делува лошо од страна, ама ни го реши филмот. Сè тоа ќе влезе во филмот и некако, како што велат, секое лошо е за добро. Така што, можеби ќе звучи чудно, ама – фала им“, рече тој.
Слаткар најави дека публиката може да очекува квалитетен филм, иако засега не сака да открива кога ќе биде неговата премиера.
„Ќе имаме многу добар филм, луѓе. Не сте свесни. Ќе имаме многу добар филм. Не можам уште да откријам кога ќе излезе, ама знам дека кога ќе излезе, ќе бидеме горди сите што сме дел од тој филм“, порача Слаткар






