ФФМ ги одложи денешните натпревари во сите конкуренции

– Фудбалската федерација на Македонија ги одложи сите денешни натпревари во сите конкуренции поради големата трагедија во Кочани.

-Сочувство и молитва за утеха на семејствата на загинатите во големата трагедија.
Длабоко сме потресени од трагичната несреќа во Кочани во која настрадаа многу млади луѓе.
Во овие тешки моменти, нашите мисли и молитви се со семејствата и блиските на настраданите, објави ФФМ.

Дополнително ќе биде одреден датумот за одигрување на одложените мечеви.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close