Фицо: Прекинот на испораките на руски гас ќе ја чини Европа 120 милијарди евра
Прекинот на испораките на руски гас преку Украина ќе ја чини Европа 120 милијарди евра во периодот 2025-2026 година, изјави денеска словачкиот премиер Роберт Фицо.
– Оваа одлука на украинскиот претседател Володимир Зеленски ќе ја чини ЕУ околу 50 милијарди евра гас и уште 70 милијарди електрична енергија произведена од гас, рече Фицо во видео порака објавена на социјалните мрежи.
Тој додаде дека Европа на тој начин ќе плати неверојатни 120 милијарди евра поради прекинот на испораката на рускиот гас преку Украина, а потоа понатаму преку Словачка до другите европски земји. ј