Филипче-Бевме внимателни не ја политизиравме состојбата,власта не им испорача ништо а сега бесчуствително ги навредува и обвиинува родителите од Кочани

Лидерот на опозициската СДСМ Венко Филипче реагира на последните случувања на релација родители на настраданите во трагедијата во дискотеката Пулс во Кочани и Владата поточно пораките што преку јавноста си ги разменија двете страни особено реакцијата на премиерот Мицковски и владината портпаролка Митевска.
На огромното незадоволство од начинот на кој се води истрагата за виновниците за оваа трагедија во
која животот го загубија 62 лица а преку 200 се тешко повредени и им треба долго лечење родителите револтот го изразија на нивниот 9 марш на ангелите по улиците на Кочани и побараа оставки од председателката Сиљановска Давкова, премиерот Христијан Мицковски и министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Коментарот за оставките го даде владината портпаролка Марија Митевска која тврди дека на владата приоритет и се настраданите семејства и вистинска правна разврска на трагедијата но и дека политички партии сакајки да профитираат од несреќата ги манипулираат родителите а владата и премиерот че направеле се што можат да им помогнат на родителите и на Кочани.
За неа како и за премиерот ден по неа тензиите што беа на последниот протестен марш се од „некрофилската “ политика на опозициските партии пред се на СДСМ. Премиерот во говорот на прославата на 34 години УМС на ВМРО ДПМНЕ во Велес дури и нападна граѓанска организација која преку хуманоста сега сакала да премине во политичка партија на грбот на несреќата.
Супорт Кочани хуманитарна организација која млади луѓе од Кочани ја формираа веднаш и собираа донации во пари и медицински материјали за настраданите и таа е засега единствената која вистнски м помага на настраданите од пожарот, прашани дали тие се препознаваат во зборовите на премиерот дека сакале да прераснат во политичка партија одговорија дека тие остануваат да им помагаат на сограѓаните,на повредените на кои им е потребно долго лекување и воопшто ниту имаат намера да водат политика ниту се препознаваат во таквата изјава на премиерот Мицковски.
Се огласи и лидерот на опозициската СДСМ за која премиерот обвинува дека ги манипулира родителите за политички поени обвинувајки дека воделе „некрофилска“ политика.
. 
Покажавме што значи да се биде политичка партија која делува одговорно. Не сакавме, буквално со ништо, по трагедијата да извлечеме каква било политичка корист.
А што направи власта? Прво не испорача правда. Понатаму не испорачува здравствена услуга и грижа. Не обезбеди финансиска поддршка и не прифати закон за Кочани.
На крај, почна да ги обвинува родителите дека биле инструмент на некоја политичка партија. Тие луѓе, коишто не спиеле со недели, шокирани од она што им се случи – ги нарекуваат со погрдни зборови, за кои ви гарантирам дека дури и не знам што значат.
Во таква ситуација, врв на безчувствителност е – на денот кога родителите протестираат – да организираш настан на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и да запалиш пиротехнички средства“ , рече Филипче.

Back to top button
Close