Филипче: Денеска пристигнуваат 2000 кинески вакцини

Денеска доаѓаат 2000 вакцини во нашата земја. Ова го најави министерот за здравство Венко Филипче пред салата „А1 Борис Трајковски“ во Скопје.

Станува збор за кинеските вакцини.

„Преку нашиот амбасадор во Абу Даби, денеска ќе пристигнат 2000 кинески вакцини како донација. Истите ќе пристигнат во Софија. Веќе го организиравме транспортот, возилото е веќе на софискиот аеродром и денеска ги очекуваме да пристигнат тука“, рече Филипче.

Back to top button
Close