Филипче: До 15 јули сите пријавени ќе бидат вакцинирани

Ревидиран е списокот, без разлика кога се пријавиле граѓаните, ќе добијат термин за вакцинирање во следните две недели, најави денеска министерот за здравство Венко Филипче.

Денеска треба да пристигнат 100 илјади дози вакцини од производителот „Фајзер“ а во недела 500 илјади кинески вакцини „Синовак“.

Филипче најави дека прво ќе бидат вакцинирани повозрасните граѓани, а потоа и помладите. Од понеделник почнува и вакцинацијата на наставниците и професорите кои не примиле вакцина.

Вакцинирањето на наставниците засега нема да биде задолжително, но граѓаните треба да бидат свесни за важноста на вакцинацијата, нагласи Филипче одговарајќи на новинарско прашање.

Списокот на пријавени за вакцинација е ревидиран и останати се околу 140.000 граѓани од сите возрасти кои ќе добијат термин за вакцинирање во следните две недели.

Филипче најави дека се подготвува системот и за теренска вакцинација.

Back to top button
Close