Филипче: Ќе се организираат свадби и прослави со музика

Министерот за здравство Венко Филипче на прес конференција денеска ги дообјасни мерките и новите препораки кои Комисијата за заразни болести ги предложи до Кризниот штаб.

„Ќе се организираат свадби со музика, бројот на гости по маса во сите угостителски објекти се зголемува на 6 лица. Секој кој што ќе има прослава ќе може да има музика, но не и во регуларно работно време, барем сега засега не, оставаме време“, рече министерот за здравство Венко Филипче.

Прославите ќе може да се организираат на отворено со максимум 50% исполнетост на капацитетот во отворениот дел, но не повеќе од 100 гости.

Во однос на тоа дека од една страна дозволено да се прави свадба, а од друга страна на сила ќе биде полицискиот час, рече дека неоходно е и натаму таа мерка да опстојува во периодот после полноќ како што е сега.

Back to top button
Close