(ФОТО) Филипче: Не очекував, но не сум изненаден од речникот на Николовски како кафански озборувач

Венко Филипче преку својот фејсбук профил изреагира на тврдењето и изнесените низа навреди, меѓу кои и таа на Александар Николовски, според која како што кажа “алапача“ претседателот Пендаровски го озборувал Филипче и кажал дека е уживател на опојни средства. Филипче ги отфрли недоличните тврдења на Николовски нарекувајки го Николовски  дека станал кафански озборувач.

-Политичката култура на Александар Николоски падна на најниско ниво, но не сум изненаден од речникот. Сепак, морам да признаам дека не очекував Николоски да прерасне во кафански озборувач. Ваквото озборување упатува на целосно отсуство на идеи и концепт во оваа кампања, па Николовски со навреди се обидува да добие политички поени. Исто така, загрижувачки е што Николовски изјави дека работел од свои 14 години сакајќи да го оправда фактот што нема ниту ден стаж во реален сектор. На 14 години можеби единствено што можел да работи е лепење плакати.
Што се однесува до сите лаги пласирани за наводна моја хациенда на Водно за која ДКСК има одамна одлука дека не ја поседувам, ќе добие соодветна тужба. Тужба ќе добие и за другите клевети кои ги изреч –  напиша Филипче на фејсбук.
Поврзано

Back to top button
Close