Филипче: Нема да има нови рестриктивни мерки, ја следиме состојбата со новиот сој

Стабилна е епидемиолошката ситуација и е разговарано за новиот сој кај нас, рече министерот Филипче на денешната прес конференцијата. Се уште нема доволно познати информации иако СЗО вели дека овој сој е лесно пренослив.

– Сметам дека рестрикција од затворање на граници и карантинизирање на патници нема да даде ефект, зошто е веќе детектиран во европските земји и видовме дека кога ќе се појави нов сој, тој не може да се спречи. Соеви ќе се јавуваат и понатаму и остануваме со овие мерки кои се добро димензионирани, се става акцент на вакцинацијата. Остануваме со овие мерки засега и ја следиме ситуацијата. Ова е нов сој и допрва ќе дознаваме информации, но од она што го знаеме, нема потреба од рестрикција.- рече Филипче.

Back to top button
Close