Филипче: Се размислува студентските домови да се користат за сместување на болни од Ковид-19.

Министерот за здравство, Венко Филипче, на денешната прес конференција изјави дека во есента се очекува зголемување на бројот на заболени од Квид 19 и дека во таа насока се прават подговотовки, како дел од подготовките се размислува студентските домови да се користат како сместувачки центри за болни од Ковид-19. Таму има услови, има и кујни, но дополнително со Министерството за обрзование треба да се договори тоа.

– Работиме на подготовка на капацитети за есенскиот период. Имав средба со повеќе директори на болници и разгледуваме евентуално дополнителни капацитети кои би се користеле како болнички, може и студентски домови во Охрид и Битола, рече Филипче.

Back to top button
Close