Финансиската полиција спроведува акција во Пин петрол, осомничена е роднина на екс министерот Спасовски
Финансиската полиција од утрово спроведува акција во Куманово. Полицијата врши претрес во фирмата Пин петрол, пренесе Фокус.
Се сомничи за проневера на пари кои биле должни да ги исплаќаат кон Јавното претпријатие за државни патишта.
Повеќе информации се очекуваат во текот на денот.
Според јавно достапните информации Пин петрол е фирма која поседува бензинска пумпа, станица за технички преглед, перална за автомобили, комби, автобуси, камиони, супермаркет и ресторан