Синер и Ѓоковиќ сè поблиску до меѓусебно полуфинале на Вимблдон

 

Најдобриот светски тенисер во моментов, Италијанецот Јаник Синер, и освојувачот на рекордни 24. грен слем титули, Србинот Новак Ѓоковиќ, ги продолжија своите победнички серии на Вимблдон, приближувајќи се кон меѓусебен дуел во полуфиналето на третиот овогодишен грен слем турнир.

Синер денеска во рамки на третото коло лесно извојува победа над Американецот Џенсон Бруксби со 6-4, 6-3, 6-4.

Во осминафиналето, Синер ќе игра против јапонскиот тенисер Шинтаро Моцизуки, кој направи уште едно изненадување и ја победи големата шпанска надеж Рафаел Ходар со 1-6, 7-6(5), 6-4, 6-4.

Ѓоковиќ, пак, беше подобар од францускиот тенисер Артур Риндеркнех со 7-5, 6-4, 1-6, 7-6(4)., извојувајќи победа над 25. носител по три часа и 13 минути.

Следен противник на Ѓоковиќ ќе биде досега најголемото изненадување на турнирот, Русинот Роман Сафјулин, кој избори настап на главниот турнир преку квалификациите, а по победата над сонародникот Андреј Рубљов, попладнево триумфираше и над Бразилецот Жоао Фонсека со убедливи 6-3, 6-3, 6-3.

Back to top button
Close