Фингер принтот го прочитал прстот на Даштевски.

Претседателот на Државната изборна комисија, Александар Даштевски, на прес-конференција предмалку кажа дека метежот пред избирачките места се должи на тоа што внатре, во гласачкото место се пуштал по еден гласач. Тој посведочел на редици граѓани и направил увид на неколку избирачки места во скопската општина Центар, каде што и гласал, а напомена и дека уредот за биометриска идентификација го пронашол неговиот отпечаток на прст.

Даштевски кажа и дека ДИК веќе пратила упатство за на избирачките места да се пуштаат онолку гласачи, колку што има паравани за гласање.

„Се создава гужва затоа што во училниците се пушта по еден човек, а веќе ние имаме упатство до изборните единици да се пуштаат луѓе колку што има кутии за гласање внатре. На два метра е дистанцата. Тој проблем треба да се надмине бидејќи може да влијае на излезноста. Поради тоа ги охрабрувам граѓаните да излезат повторно, да излезат масово за изборите да бидат успешни“, кажа Даштевски.

Back to top button
Close