Финска официјално стана 31. членка на НАТО
Одлуката на Финска да стане дел од НАТО стави крај на повеќедеценискиот неутрален статус на земјата во услови на согледани безбедносни ризици поради целосната инвазија на Русија на Украина. Оваа нордиската земја споделува 1 340 километри долга граница со Руската Федерација од каде порачаа дека по пристапувањето во НАТО на соседна Финска, тие ќе преземат контрамерки
Фото: EPA-EFE/JOHANNA GERON / POOL
Финска од денеска и официјално е членка на НАТО откако финскиот министер за надворешни работи Пека Хаависто во Брисел го депонираше инструментот за пристапување до САД.
Таа е 31. земја што и пристапува на Алијансата по Северна Македонија која стана членка пред околу три години.
„Ова е историски ден“,
оцени генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Финскиот претседател Саули Нинисто, пак, порача дека пристапувањето на неговата држава во Алијансата не е насочено против ниту една земја.
„Членството на Финска во НАТО не е насочено против никого. Тоа не ги менува ниту основите или целите на надворешната и безбедносната политика на Финска“,
потенцираше тој во изјавата објавена на Твитер.
Финска, истакна тој, е стабилна и предвидлива нордиска земја која има тенденција да ги решава споровите по мирен пат.
Финското знаме ќе биде поставено пред седиштето на НАТО по азбучен редослед на државите односно помеѓу знамињата на Естонија и Франција. Финска потоа по првпат ќе учествува и на состанокот на министрите за надворешни работи од Алијансата како полноправна членка.
Финска аплицираше заедно со Шведска за членство во НАТО во мај 2022 година по руската инвазија на Украина, но нивните апликации „заглавија“ поради противењето на Турција.
Сепак, Анкара се реши да го одблокира пристапувањето за Финска и на 31. март даде зелено светло, додека Шведска сè уште е блокирана.
Одлуката на Финска да стане дел од НАТО стави крај на повеќедеценискиот неутрален статус на земјата во услови на согледани безбедносни ризици поради целосната инвазија на Русија на Украина. Оваа нордиската земја споделува 1 340 километри долга граница со Руската Федерација поради што изминатиот период имаше и жестоки противења од официјална Москва.
Реакција стигна и сега.
Реакцијата од Москва пристигна веднаш.
„Проширувањето на НАТО е напад врз нашата безбедност и националните интереси на Русија. Русија ќе биде принудена да преземе соодветни контрамерки“,
изјави денеска портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков.