Фокус: Животот на дизајнерката Фросина згасна во Скопје: До кога ќе се гине на улиците?

Голема трагедија се случи доцна синоќа во Скопје, кога на булеварот ,,Партизанска” згасна животот на 22-годишната дизајнерка Фросина Кулакова од Неготино. Ја удрил автомобил управуван од 20-годишно момче, а од здобиените повреди таа веднаш починала, пишува Фокус.

Траорната вест уште во раните утрински часови се прошири во родниот град на девојката. Во шок и неверување, граѓаните прашуваат до кога ќе се гине на улиците во нашите градови и уште колку невини животи треба да згаснат, пред да бидат донесени драстични измени во Законот за сообраќај, и да се воведат ригорозни казни за прекршителите.

-Чиста, невина душа пред која беше целиот живот. Таа имаше уште многу да и даде на заедницата, да му даде на светот…

Пред само седум месеци ја воодушеви јавноста со нејзините модели на годишната ревија на Интернационалниот институт за мода „Изет Цури“ каде студираше. Нашите мисли се со нејзиното семејство, никој, никогаш да не доживее ваква болка, велат сограѓани на младата девојка.

Исто така, јавноста се сеќава на неа и кога пред 12 години, како десет-годишно девојченце се појави во видео записот за песната ,,Божиќ за секој од нас” заедно со нејзината сестра Росица и Димитар (кои во 2007 година на Детска Евровизија и го донесоа на Македонија 5-то место со песната ,,Динг, динг, донг”) и со други пејачи од Неготино, и ги освои симпатиите на гледачите.

Повеќе детали за околностите во кои се случила трагедијата се уште не се соопштуваат. Од МВР го потврдија настанот, а пак како што информира Обвинителството, возачот бил задржан и за него е издадена наредба за испитување на крв и урина.

Целиот текст на фокус мк 

Back to top button
Close