Фосилни остатоци од дрво старо 20 милиони години на Лезбос

– Грчки археолози пронајдоа фосилни остатоци од дрво на Лезбос, чии гранки и корења изгледаат недопрени и по 20 милиони години. Ова е првпат остатоци од фосилни дрвја да бидат најдени во толку добра состојба – со гранки и корени, соопштија надлежните од островот.

– Ова уникатно откритие е зачувано во одлична состојба и, по истражувањето ќе можеме да откриеме за какво дрво се работи, рече професорот Никос Зурос од Националниот историски музеј на Лезбос.

Дрвото е најдено близу шеталиште каде што пред неколку милиони години се наоѓала шума. Оттаму, дрвото како материјал се превезувало со помош на специјална опрема.

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close