ФОТО: „Јавна соба“ никогаш не згасна. МВР и ОЈО година дена неуспешно „работат на случајот“

Точно една година по обелоденувањето на скандалот „Јавна соба“ – случај каде на социјалната мрежа Телеграм илјадници членови споделуваа експлицитни фотографии од девојки од Македонија, вклучително и на малолетнички, повторно е во центарот на вниманието, пишува а1он.

Очигледно дека реакциите на МВР и на Јавното обвинителство од каде тогаш децидно изјавуваа дека ќе го решат случајот, не вродија плод.

„Јавна соба“ повторно е активна. И тоа не една група, туку повеќе. Во овие групи на Телеграм членуваат и по над 5 илјади членови – сите користат надимаци, а нивните телефонски броеви не можат да се видат. Дел од членовите користат имиња на министри и бизнисмени, но невозможно е да се утврди дали истите се автентични доколку ги немате во својот именик.

Она што може да се види се ликовите на девојките чии фотографии се споделуваат. Дел од нив фотографиите ги споделувале со нивните партнери, дел на социјалната мрежа Инстаграм, но сепак, клучното е дека тие не дале согласност нивните имиња, презимиња, ликови, па дури и телефонски броеви да бидат споделувани со илјадници други луѓе.

повеќе

Back to top button
Close