(ВИДЕО)  Дете готвело и се запалил станот, со изгореници префрлено на Градска болница

Тринаесетгодишно дете е пренесено во болница со полесни изгореници и знаци на труење од чад, по пожарот што денеска околу пладне избувна во стан во строгиот центар на Скопје.

Настанот официјално го потврдија и од Министерството за внатрешни работи. „Денеска (27.05.2026) околу 12.40 часот во СВР Скопје било пријавено дека настанал пожар во стан во зграда на подрачје на Центар“, соопштуваат од МВР.

Според информации на Press24 од очевидци и извори од истрагата пожарот избувнал во стан каде тринаесетгодишното дете било оставено само дома. Додека готвело, случајно се запалиле кујнска крпа или сунѓер. Во обид да го изгаси огнот и да спречи поголема штета, детето ги земало запалените предмети и ги изнесло на терасата. Меѓутоа, таму пламенот веднаш ги зафатил пружените алишта, по што се развил густ и голем чад кој ги вознемирил станарите во околните згради. Благодарение на брзата реакција, детето успеало навреме да излезе надвор од објектот.

Во несреќата, малолетникот се здобил со помали изгореници кои не се опасни по живот, но веднаш со возило на Итната медицинска помош е пренесен на дополнителен преглед во Градската општа болница во Скопје, со цел да се утврди дали и во која мера има вдишено од густиот чад.

извор пресс 24

Back to top button
Close