(ФОТО) Филипче: Утрово се сретнав со семејството на Емилија Динева, им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста, тие спасија три човечки животи

Утрово се сретнав со семејството на Емилија Динева и градоначалникот на општина Дојран Анго Ангов.

На семејството им изразив најголема почит и благодарност за хуманоста која ја покажаа во нивните најтешки моменти. Тие дадоа надеж и шанса за живот на три семејства. Тие спасија три човечки животи.

Поради нив, за првпат во земјава се изведе трансплантација на срце, а два бубрега се трансплантираа кај двајца пациенти кои подолго време беа на дијализа. Пациентите се во добра и стабилна здравствена состојба. Органодарителството е највисокиот чин на човекољубие и хуманост. Горд сум на ова семејство.

Back to top button
Close