ФОТО: “Кадилакот“ на Ататурк реставриран

Возило „Кадилак“ од 1935 година што го користел основачот на Република Турција, Мустафа Кемал Ататурк, е реставриран по пет години работа на него, објавија турските медиуми.

– Процесот на реставрација на овој автомобил траеше долго поради пандемијата и доцнењето во наоѓањето оригинални делови… Автомобилот го користеле и наследниците на сестрата на Ататурк во јужниот округ Хатај до 1960-те, изјави Кемал Акел, одговорниот раководител на обновувањето на „Кадилакот“.

Генералштабот на турската армија во соработка со Федерацијата за стари автомобили работеше на обновување на кадилакот што „Таткото на современа Турција“ го користел како свој службен автомобил од 1936 до 1938 година. Возилото е извадено 2018 година, од Мавзолејот на Ататурк, „Ануткабир“ во Анкара, па демонтирано во Истанбул. Во текот на петгодишниот процес на реставрација, голем број делови беа увезени од САД.

По целосното реставрирање, автомобилот е вратен во турската престолнина, каде што повторно ќе биде изложен во „Ануткабир“ по повод 100-годишнината од основањето на Република Турција.

Back to top button
Close