ФОТО: Младата Стефанија една од жртвите во пожарот – “Оваа незамислива загуба нè остави во длабока тага”
Трагедијата во Кочани во која во дискотеката “Пулс” изгореа 59 лица, а над 160 се повредени, од кои некои се борат за живот, ја потресе македонската јавност, но и Балканот и светот.
Студентката по медицина и член на Црвениот Крст во Кочани, Стефанија Соколовa, за жал е меѓу младите човечки животи кои згаснаа во трагедијата.
-Со најтешко срце ја споделуваме погубната вест за смртта на нашата единствена Стефанија Алексова. Стефанија, блескава и сакана студентка во втора година од Кочани, Северна Македонија, трагично ни беше одземена во пожар што избувна во ноќен клуб во нејзиниот град. Оваа незамислива загуба нè остави во длабока тага, а нашите мисли се со нејзиното семејство, пријателите и сите кои ја познаваа и сакаа, се вели во соопштението на Универзитетот.
– „Девојко наша, гледај нè одозгора. Помагај им на сите, исто како што правеше овде. Лекувај ги сите со рацете, но и со душата. Тоа е она што го правеше најдобро. Облечи ја твојата носија и танцувај, а ние ќе плачеме, не замерувај ни. Засекогаш ќе сме тажни по тебе“, стои во еден последен поздрав од пријател на социјалните мрежи.