ФОТО: Напаѓачи влегле во албанската телевизија „Топ чанел” и убиле вработен
Вработен во албанскиот канал „Топ чанел“ е убиен синоќа, откако непознати напаѓачи се обиделе да упаднат во зградата на оваа телевизија во Тирана.

Недолго по нападот, кој се случил час по полноќ, на блискиот автопат било пронајдено е опожарено возило „ренџ ровер“, за кое постои сомневање дека сторителите го користеле за напад на канцелариите на телевизијата, објави „Албенијен пост“.
Во инцидентот, што се случил во околу 1 часот, убиен е Пали Кола (60) од обезбедувањето кој починал на пат кон болница откако бил погоден во телото.
Експресно реагираше албанскиот претседател, Бајрам Бегај ,кој настанот го оцени за тежок инцидент и побара од надлежните брзо расветлување на случајот, изразувајќи притоа сочувство до семејството на настраданиот.
Засега не е познат мотивот за нападот кој се случил на главниот влез на „Топ чанел





