(Фото)репортажа: “Старецот и морето”, книгата и “ајкулите”!?

“Наша браќа са севера”, имаат една убава досетка, тие велат: “узречица”. Јас Ванчевист (не мислам на Ванчо Михајлов!), поради ратмот и римата, ќе ја изглаголам по “серпски”, за да ме разбере целиот свет!
Вели вака: “aко је луд, не буди му друг”!
Ето, и одкај источните “братја”, го нема Каракачанов. Дури почна да ми фали. Нема забава за народ!
Додуша и ние се опаметивме малку. Стивна халабуката и по фејсбуците. Ја заборавивме и Катерина. Има надеж, поради Катерина Захариева, ќе ја замразевме и Света Катерина!
Никој повеќе не пишува за “администраторите” дека биле фашисти. Скраја било! Веќе и пилците прават јасна динстикција: не “администрираше” Борис, а не Борисов!
Има разлика!
Внимателни се и браќата од север. Вчера, славеа некаква годишнина кај Србобран (таму најчесто се слават поразите!) од времето на фашистичката окупација на Војводина, при што унгарските “администратори”, во водите на синиот и замрзнат Дунав, “админситрирале” неколклу илјади невини души!
Засега нема официјална реакција, ниту некаков демарш од официјалните Будим и Пешта.
Но, баталете работа, доста ни е со мегународните “вопроси”. Одсега натаму само за домашните.
Нема да пишувам за договорената, по телефон, пратка со Фајзер за вакцините. Ќе пристигнела не ова среда, туку другиот петок – некаде до крајот на другиот месец! На број биле – таман колку за општина Чешиново – Облешево.
“Достатачно”: ако Унгаците си ги имаат (во едно) Бодим и Пешта, а Германците Гармиш и Партен, зошто, пак, ние да немаме Чешиново и Облешево.
Ако во Хрватска, Ковидот го стигна првиот човек на нивното здравство – министерот, што има да се исчудуваме што кај нас, ни го јавна првиот човек на “Комисијата за заразни болести!”. Не ми е јасен насловот – оваа комисија е за спречување од заразни болеси, или,пак, недај боже – за заразни болести!
Берош е веќе на нога, да му посакаме и на Кара(џата) што побрзо да крене уши. Се стиши Кара(качанов), ни треба забава, луге мои – се задушивме, ќе испоцркаме!
Нема да пишувам ниту за струмички Глобал. Жал ми е, како ноќна мора го следи другарот Заев. Најнапред, го направи, мина низ чад и огин по судовите, а, ете, сега, целиот пламна во прав и пепел. Ај што го направи, сега, треба уште и да го оправи.
Добар е другарот Заев. Мил, добродушен, прилагодлив – за секоја прилика и неприлика. Ете, на зоти Амети, за роденденот, цела зграда му подари. Таму Груби (нежно) ќе ги сместува потомците на легендите од 2001-та. Уште и барокна – богати!? Ејде, онаа од “Скопје 2014” што (“малку морген”), ќе ја руши Петре Шилеџето, пардон – Шилегов.
Но, ајде, батали работа. Никој не видел аир од мотика и политика. Од денеска само на свој терен: книжевноста “му е мајката” – браќа и сестри .Удрете по книжевноста, “сега му е мајката”. Седете дома, прочитајте, нешто препрочитајте. Книгата е, нели, најдобриот другар. Ако е така, треба да се чува, да се негува пријателството – мислам книгата.
Затоа, за денеска, ви подготвив една фоторепортажа, за една книга. Не за она што е напишано во редовите, туку, измегу редовите, а најповеќе на маргините. А, преку, книгата, нели, најбрзо се стигнува во Европа.Нашиот Прличе, џабе не им велеше на охригани (оние де од Сараиште, На Ј,но, Горна Порта и Долна Врата…!) да излезат во Европа, за да се видат самите себе си, да видат дека се “никој и нишчо!”.
Одбрав едно мало книжуле, бичим роман. Едно поголемо расказче. Белким не мислевте дека “Војна и Мир” ќе ја прелистувам на стари години. Многу едноставно: ако таму читам што се е напишано, мегу редови и по маргините, три животи ќе ми се малку.
Да не ве измачувам повеќе, ја одбрав “Старецот и Морето”, на славниот колега, воин и пустолов Ернест Хемингвеј. Нема и да ви досадувам повеќе со мои “запажања”. Сами, многу лесно ќе ја забележите ‘интелигенцијата” и високата “креативност”, на читателот, односно читачите.
Должен сум уште да ви кажам дека книгата е позајмувана од охридската библиотека, во еден период, одприлика, колку што јас имам години. Има историска, да не кажам нумизматичка вредност. Знате, ја уредувал еден Црвенкоски, во времето кога нашиот (современ!) Црвенкоски не бил ниту во план за создавање.
Бујрум фотографиите, не ви се мешам во коментарите!

Веле Митаноски






