Фотографија на денот: Куќа со бршлен

Бршленот е омилен и практичен „накит“ за фасадите – во Германија го има на многу објекти, како оваа куќа во Дирментинген.

BdTD Deutschland | Haus mit Efeu in Dürmentingen

Многу сопственици на куќи сакаат бршлен на фасадата затоа што сметаат дека тој го прави објектот посебно убав. Бршленот истовремено им пружа и животен простор на инсектите и птициите, а на објектот му дава и дополнителна изолација.

Но, бршленот носи и проблеми. Ако се остави да расте „диво“, може да предизвика штети на куќата. Затоа мора редовно да се „има на око“. Освен тоа, бршленот се шири со тоа што со своите корени практично се лепи за фасадата, па неговото отстранување не оди лесно.

Back to top button
Close