Франција ја замрзнува цената на плинот до крајот на годината

 

Француската влада најави дека до крајот на годината ќе ги замрзне цените на плинот за домаќинствата, продолжувајќи го ограничувањето до новата грејна сезона.

Владата ги замрзна цените во октомври минатата година.

-Потрошувачите сè уште можат да сметаат на стабилна цена на гасот бидејќи државата ќе ја покрие разликата до пазарната цена до крајот на 2022 година, изјави вчера премиерката Елизабет Борн.

Владата, исто така, го ограничи растот на цената на струјата оваа година на четири отсто, што ќе го чини буџетот милијарди евра.

-Франција е помалку зависна од рускиот природен гас отколку другите европски земји, рече Борн. Складиштата до есенва треба да бидат речиси полни, потенцира премиерката.

Следната година Владата планира да изгради нов пловечки терминал за течен природен гас (ЛНГ).

Веќе една недела гасот не пристигнува во Франција преку гасовод од Германија, соопшти минатиот петок мрежниот оператор ГРТгаз. Но, увозот и онака од почетокот на годината падна за 60 отсто.

Back to top button
Close