Француски падобранци изведоа воена вежба во Естонија

epa08769499 Motor-paraplanes fly in the sky over the Nativity of Christ Cathedral in Riga, Latvia, 24 October 2020. A paraplane is a parachute powered with a motor. EPA-EFE/TOMS KALNINS

Француските вооружени сили изведоа ненадејна воена вежба во Естонија, со повеќе од 100 падобранци во балтичката земја која граничи со Русија, соопшти француското Министерство за одбрана.

„Воздушната операција се одржа синоќа и овозможи за многу кратко време да бидат спуштени околу 100 падобранци од 11-та воздушно-десантна бригада на Франција над област што ја обезбедуваат естонски војници”, се вели во соопштението на војската.

Набрзина организираната вежба во Естонија, сојузник на НАТО, беше спроведена како чин на „стратешка солидарност” среде војната на Русија во Украина.

„Воздушната операција ја илустрира способноста на француските вооружени сили да интервенираат во вонредни ситуации и да поддржат сојузничка земја”, соопшти Министерството.

Франција беше една од првите земји што испрати војници во источното крило на Европа откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари. Во Романија има околу 500 француски војници, дел од силите за брза реакција на НАТО

Back to top button
Close