Фрчкоски: Македонија повторно на раскрсница
-Стратегија на популисти каков е Трамп се нарекува Flood the Zone и се сведува на еуфорични потези кои се перцепираат како радикални резови, без да се промислат последиците и реакциите. Така е и за Газа , и за тарифите,и за укинување на федералните финансирања. Но се плашам дека така моше да тргне и за Балканот, ако вопшто се ангажира тука. Ако тргне со “правење ривиери“ овде ние ќе пострадаме во принцип. Затоа ние мора да се обезбедиме и да не бидеме на дневен ред на таа маса, односно да го решиме час поскоро спорот со Бугарија и да отпочнеме преговори со ЕУ – изјави професорот Љубомир Фрчкоски на вчерашното гостување “Само интервју” на Канал 5.
За последиците од Трамповото укинување на УСАИД и ударот на либералните НГО овде треба да се отвори процес на солидарност со тој сегмент на цивилното општество, смета Фрчкоски.
-И, на пример, шефот на опозицијата но и премиерот (зошто да не) треба да се обиде да стапи во контакт со Еди Рама и да постави платформа на заеднички проекти на цивилниот сектор со Албанија и нивните нво-а и да го анимира можеби Сорос повторно да се прошири со проектите кон Македонија или кон заедничките проекти со албанските НГО . Сега импровизирам во насока на интензивна солидарносна акција за помош кон нашите луѓе и граѓани кои се мошне квалификуван млад кадар а кои можат да бидат на удар на овие акции на Трамп .