Фрлена бомба во куќата на Габриел Бајрам

Непознати лица на 30 септември преку видео повик и пораки му се заканувале по животот на Габриел Бајрам и неговото семејство, кој е претседател на „Сојуз на ромите во Македонија“ доколку неговата партија не се повлече од кампањата за локалните изброри, пренесува „Фокус“.

Според информацијата, Бајрам овие пораки ги добил за време на промоцијата на кандидатот за градоначалник на општина Гевгелија, Сашко Поцков.

-Доколку во наредните 48 часа не се повлечете од сите активности ќе ви испратиме порака од која ќе сфатите дека сме сериозни!!, гласела пораката.

Како што дознава „Фокус“ бидејќи овие пораки биле пријавени во полиција, а Бајрам не презел чекори за повлекување од кампањата, вчера, втори октомври непознато лице фрлило бомба во дворот на семејната куќа на Бајрам.

Непосредно по ова, тој добил и друга порака : Дали ја доби пораката имаш уште една шанса, ти даваме 48 часа да се повлечете од изборите.

Според информациите на „Фокус“ направена е само материјална штета, случајот е пријавен во полиција, а од семејството на Бајрам кратко го потврдија тоа за „Фокус“

Во семјната куќа која ја изгради Амби Бајрам, покрај Габриел живее и најстариот брат Шабан со семејството каде живеат и мали деца.

Бајрам е кандидат за советник на град Скопје, на 10 место на листата на СДСМ, а неговиот помал брат Елвис е носител на листата за советници на СРМ во Шуто Оризари.

Back to top button
Close