Г20 издвои повеќе од 21 милијарди американски долари за борба против Ковид-19

– Групата 20 најразвиени земји во светот издвои повеќе од 21 милијарди долари за борба против коронавирусот, соопшти денеска Г20.

– Г20 ги координираше глобалните напори за поддршка на борбата против пандемијата на Ковид-19. До денеска, членките на Г-20 и поканетите земји издвоија повеќе од 21 милијарди американски долари за поддршка на финансирањето на светското здравје, се вели во соопштението.

Се додава дека средствата ќе бидат насочени за дијагностика, вакцини, терапија и истражување и развој.

Г20 во април ги повика сите земји, невладини организации, филантропи и приватниот сектор да помогнат во покривањето на недостигот на пари за финансирање на борбата против коронавирусот.

Back to top button
Close