Галант: Израел нема намера трајно да остане во Појасот Газа

epa10396853 Israel’s Defence Minister Yoav Galant attends a Likud party faction meeting at the Knesset, the Israeli Parliament in Jerusalem, 09 January 2023. EPA-EFE/ABIR SULTAN

 

Немаме намера трајно да останеме во Појасот Газа и подготвени сме да разговараме за алтернативи за тоа кој ќе ја контролира територијата сè додека тоа не е група непријателска кон Израел, изјави израелскиот министер за одбрана Јоав Галант.

– Израел ќе преземе секакви мерки за да го уништи Хамас, но ние немаме намера трајно да останеме во Појасот Газа. Се грижиме само за нашата безбедност и безбедноста на нашите граѓани долж границата со Газа, нагласи министерот.

Галант, исто така, рече дека еврејската држава е отворена за можноста за постигнување договор со либанското шиитско движење Хезболах, поддржано од Иран, но дека секој договор ќе мора да вклучи безбедна зона долж либанско-израелската граница и соодветни гаранции за заштита.

– Имаме можност за деструктивна акција и реакција со резултати како оние што ги гледаме во Газа. Претпоставувам дека Хезболах тоа го зема предвид, нагласи израелскиот министер.

Back to top button
Close