ГАЛЕРИЈА: Феноменални фотографии на Бјорк за скандинавскиот Вог

Исландската музичарја и активистка Björk е главното лице на најновото издание на Vogue Scandinavia, едно од најпопуларните модни списанија во светот. Ова е првпат Бјорк да биде на насловна страница на магазинот и покрај нејзиното светско признание и долгогодишна музичка кариера.

На насловната на Вог Бјорк носи фустан дизајниран од Џон Галијано за француската модна куќа Maison Margiela.

Креацијата на Галијано стана „најкултниот фустан на годината“ откако беше прикажан на модната ревија на почетокот на оваа година – Транспарентен, рачно боен и делумно направен од човечка коса.

Оваа серија исклучителни фотографии се дело на исландскиот фотограф Видар Логи.

Back to top button
Close