ГАЛЕРИЈА: Жените во Илинденското востание

💪 Дали Илинденското востание би било можно без учеството на жените?

♀️Преку прифаќањето на идејата дека целосната еманципација на жената е во интерес на целото општество и присуството на социјалистичките идеи кај некои револуционери кај нас започнало поактивното учество на македонската жена во револуционерната борба.

🙌 Во 90-тите години на XIX век, жените кои не сакале да биде оставени на маргините на општествено-политичките настани, биле вклучени во револуционерната борба на различни начини: како курири, како јатаци, во нивните домови се криеле револуционерите кои се наоѓале во илегала, ги шиеле револуционерните знамиња на македонските чети, ги лекувале и негувале ранетите итн.

👭 Исто така, во предилинденскиот период под предзнакот женски здруженија и неделни училишта работеле многу месни женски револуционерни комитети. Како најактивни организаторки се истакнале учителките и интелектуалките: Славка Чакарова-Пушкарова, Константина Настева Бојаџиева, Екатерина Симитчиева, Ана Малешевска, Донка Балтова, Цветанка Сенокозлиева, Павлина Хаџи Панзова и др. Револуционерниот ангажман на жените бил прераскажуван, а меѓу народот биле познати како „комитките“. Странските дописници во неколку наврати известувале за битките на четите со турскиот аскер, во кои учество зеле и жени.

💜 Жените и улогата на жените во Илинденското востание, но општо и во целата македонска револуционерна борба имаат големо значење кое заслужува признание и препознатливост еднакво како и делата на револуционерите.

Извор: Stellanetwork

МРТ

Славчо Ковилоски – Македонски женски книжевни и историски ликови од XIX век

Историја на жените – Ивана Хаџиевска (Архиви на невидливите)

Дизајн: Теано Кардула

Насловна фотографија: Небојша Гелевски Бане

Back to top button
Close