Ганиу имал контакт со позитивен на Ковид 19, и тој оди во изолација
Ганиу имал контакт со позитивен на Ковид 19, и тој оди во изолација
Градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, е во изолација, откако претходно бил во контакт со лице кое во меѓувреме добило позитивен тест на Ковид-19.
„Овие денови имав контакт со лице кое резултираше позитивен кон тестот за Ковид-19, затоа од овој момент ќе останам во самоизолација и ќе делувам според протоколите на соодветните здравствени институции“, соопшти тој.
И Ганиу апелираше граѓаните да се придржуваат кон предвидените мерки.