Георгиев си поднесе оставка, Дамева се враќа на чело на Судскиот совет
Судскиот совет за во 15 часот закажа итна седница на која ќе биде постапено по одлуката на Управниот суд, односно на претседателското место треба да биде вратена разрешената Весна Дамева. Актуелниот претседател Сашко Георгиев пак е предвидено да поднесе оставка.– 471-та итна седница на Судскиот совет на РСМ за ден 03.01.2024 година, со почеток во 15,00 часот.
1.Констатирање на престанок на мандатот на претседателот на Судскиот совет на РСМ, по сопстевно барање;
2. Постапување по одлука на Управен суд и
3. Разно., се наведува во дневниот ред.
Управниот суд донесе пресуда според која разрешувањето на Дамева било незаконско и не било образложено.