Георгиевски од ЦРМ во емисијата „Каде ни беше муабетот“ на ЛАЈМ: За МТВ треба клуч според францускиот модел


“Таму е систем от таков. Ја одамна тврдам уште од крајот на деведесетите дека ние мора да го примениме тој француски модел на реформа, односно гаснење и почнување од нула и мислам дека и тоа и го напишав во еден, во еден документ за јавни политики. Има оттогаш десетина години сигурно. Ние мора да, да одредиме една точка во која ќе кажеме овој јавен сервис престанува да, да зрачи програма на тој и тој датум, од во полноќ, од нула часот и една минута наредниот ден ќе зрачи тоа. И, и тоа да се прави одново, да се значи, тоа ќе бара, тоа е според мене процес што ќе бара сериозна подготовка. Значи, од потреби на публика, капацитети на државата, тоа да го, да го поддржи, пред се финансиски, од доступност на разни програми и технологии нови, па може, може таа анализа ќе покаже дека воопшто не треба да се грижиме за, за емитување на програма, иако мислам дека јавните сервиси се последни што ќе останат да емитуваат програма и терестријално и линеарно, бидејќи поради овие врските што државите ќе имаат да обезбедат таков тип на, на содржини кои ќе биле бесплатни и достапни на, на сите граѓани.”, изјави Дејан Георгиевски, експерт, Центар за развој на медиуми во емисијата „Каде ни беше муабетот“ на ЛАЈМ

Back to top button
Close