Герапетритис со порака до Скопје и Тирана: Дејствата со иредентистички тенденции не помагаат на патот кон европското семејство

Грчкиот министер за надворешни работи, Јоргос Герапетритис, ги нападна Скопје и Тирана во средата, за време на состанокот со неговиот австриски колега, Александар Шаленберг, во Атина, пренесуваат грчките медиуми.

Герапетритис, според написите, ги предупредил владите на Северна Македонија и Албанија дека нивните неодамнешни активности ги загрозуваат перспективите на нивните земји за европска интеграција.

„Дејствата што укажуваат на иредентистички тенденции не помагаат на патот кон европското семејство“, рече тој.

Герапетритис ги истакна неодамнешните прекршувања на Договорот од Преспа од страна на Северна Македонија и изрази загриженост за интегритетот на неодамнешниот попис во Албанија, повикувајќи да се почитува европското право.

Во однос на односите со Австрија, шефот на грчката дипломатија ги истакна силните билатерални врски меѓу двете земји, притоа нагласувајќи ја важноста на соработката во рамките на ЕУ

Back to top button
Close