Германија ќе ја огранични употребата на гас за производство на струја

Германскиот министер за економија во неделата изјави дека земјата ќе ја ограничи употребата на гас за производство на електрична енергија поради загриженоста за можниот недостиг предизвикан од намалувањето на испораките од Русија.

Германија се обидува да ги наполни капацитетите за складирање гас пред зимските месеци, кога гасот е поитно потребен како гориво за греење.

Министерот за економија Роберт Хабек рече дека Германија ќе се обиде да го компензира потегот со зголемување на согорувањето на јаглен, позагадувачко фосилно гориво.

„Тоа е горчливо, но едноставно е неопходно во оваа ситуација да се намали потрошувачката на гас“, рече тој.

Додека ситуацијата на пазарите на гас стана поакутна во последните денови, складиштата сè уште можат да го надополнат недостатокот од Русија со набавки од друго место.

Сепак, Хабек рече дека ситуацијата е сериозна.

Руската гасна компанија „Гаспром“ минатата недела објави дека го намалува снабдувањето преку гасоводот „Северен тек 1“ од технички причини.

Хабек рече дека верува оти потегот бил политички мотивиран

Back to top button
Close