Германска АфД за првпат води во анкетите на сојузно ниво

Крајнодесничарската партија Алтернатива за Германија (АфД) е најсилната политичка партија во Германија и за првпат поведе во анкетата на јавното мислење на јавниот радиодифузен сервис ZDF на сојузно ниво, беше објавено денеска.

 

На прашањето за кого би гласале доколку парламентарните избори се одржат следната недела, 26 проценти од испитаниците ја избраа АфД, додека владејачката Христијанско-демократска унија ЦДУ/ЦСУ е на второ место со 25 поени.

 

Социјалдемократската партија на Германија (СПД), малцинскиот партнер во владејачката коалиција, ја забележа својата најниска популарност откако се објавуваат анкетата на јавното мислење на ZDF, а за оваа партија би гласале само 12 проценти од анкетираните.

 

Според истата анкета, 14 проценти од испитаниците би гласале за Зелените, додека 11 проценти за Левица.

 

Вкупно, 65 проценти од испитаниците се незадоволни од работата на владата на Фридрих Мерц, што е уште послаб резултат од последното истражување, кога имаше и рекордни 63 проценти од испитаниците кои ѝ дадоа негативна оценка на владата.

 

Аналитичарите проценуваат дека неодамнешниот пад на популарноста на владините партии се должи на лошата реакција на зголемените цени на горивата во Германија.

 

Од лошите потези на владата, која откако дојде на власт пред нешто помалку од една година беше критикувана за застој во процесот на реформи, најмногу профитираше АфД, постигнувајќи рекордни резултати на изборите во сојузните покраини Баден-Виртемберг и Рајнска област-Пфалц.

 

АфД, чии регионални ограноци се под надзор на Канцеларијата за заштита на уставната положба поради радикални десничарски аспирации, води и на анкетите во источногерманските федерални покраини Мекленбург-Западна Померанија и Саксонија-Анхалт, каде што во септември се одржуваат локални парламентарни избори.

 

Како што покажуваат другите анкети на јавното мислење, АфД не беше оштетена од бројните скандали низ кои минува партијата поради обвинувања за корупција при вработување пријатели и членови на семејството во парламентите во кои е претставена

Back to top button
Close