Германската крајно десничарска АфД го задржува водството во анкетите
Крајно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) го задржа водството во анкетите на јавното мислење, додека новата конзервативна влада се подготвува да ја преземе власта во најголемата земја во Европа, покажа денеска најновото истражување на јавното мнение, јави ДПА.
Анкетата на Форса, нарачана од радиодифузерот РТЛ/нтв, повторно ја стави оваа екстремна партија на врвот со стабилно водство од 26 отсто во однос на конзервативната унија ЦДУ/ЦСУ со 24 отсто, што е намалување од еден процентен поен во однос на претходната недела. На парламентарните избори во февруари, ЦДУ/ЦСУ освоија 28,5 отсто, пред АфД на второто место со 20,8 отсто.
Падната е поддршката и за централнолевичарските Социјалдемократи (СПД), помладиот партнер во новата германска коалициска влада, која, исто така, е намалена за еден процентен поен, на 14 отсто. Партијата на изборите во февруари обезбеди 16,4 отсто, посетува германската ДПА.
Новата анкета покажува дека доколку сега се одржат нови избори новата коалиција нема да добие мнозинство за формирање влада.
Според неа, додава ДПА, Зелените имаат 12 отсто поддршка, а екстремно левичарската Ди Линке 10 отсто.
Будестагот на 6 мај треба да го избере лидерот на Христијанско-демократската унија (ЦДУ), Фридрих Мерц, за нов германски канцелар, кога ќе биде инаугурирана и новата влада.
Сите германски партии одбија да соработуваат со АфД