Гледачите ќе останат без 13 турски серии, еве зошто
Укинати се 13 турски серии. Тие ќе престанат да се продуцираат и емитуваат.
И покрај популарноста и масовната гледаност, турските серии не останаа имуни на големата економска криза која ја зафати цела Турција. Како и секоја индустрија, турската телевизија ќе падне жртва на многу измени и скратувања.
Главната причина за укинувањето е што падна приходот од рекламите за половина. Тоа создаде тешки проблеми за продукцијата и емитувањето на сериите, и новите и старите.
Голем дел од проектите што беа планирани за следните години се исто така укинати. Сега, телевизиите го насочија вниманието кон помал број проекти.