“Го намалуваат шеќерот, превенираат развој на тумор…”Шест причини зошто во исхраната да внесете семе од лен
Семките од ова лен содржат голема количина на есенцијални масни киселини неопходни за здравјето на срцето и кардиоваскуларниот систем, нервниот систем и генерално имунолошкиот систем на организмот.
Експертите препорачуваат една лажица ленено семе дневно. Може да ги додадете во вашата овесна каша, салата, чорба, вода, смуди… Еве зошто би требало да ги јадете…
Ја регулираат мозочната функција
Богати се со омега 3 масни киселини што е многу важно за веганите и поединците што не јадат морски плодови. Го поттикнуваат развојот на невроните и ја регулираат мозочната функција. За целокупно подобрување на здравјето на мозокот доволни се една до две супени лажици ленено семе дневно.
За подобро варење
Лененото семе е фантастичен извор на диетални влакна што значи дека дигестивниот систем подобро ќе ви работи, подобро ќе се ослободува од токсините и вишокот маснотии од телото. Исто така, може да реши многу дигестивни проблеми, како што е запекот и нередовната столица.
Ќе ве држат сити
Семките од лен се добар извор на протеини и ќе ви помогнат да останет подолго време сити, што може да поттикне слабеење.
Го намалуваат штетниот холестеролот
Некои истражувања откриле дека линолната киселина, односно главната состојка на ленените семки, е поврзана со нискиот систолички крвен притисок, како и со намалениот ризик од хипертензија.
Помагаат за одржување на здраво ниво на шеќер во крвта
Благодарение на количината на влакна, ленените семки помагаат за одржување на нивоата на шеќер во крвта, го намалуваат гладот и доведуваат до губење килограми.
Превенција од рак
Неколку истражувања сугерираат дека ленот е исклучително корисен во борбата против рак на дојка, простата, јајчници и дебело црево. Ленот содржи лигнани за кои се смета дека придонесуваат за превенција од канцер. Може да помогне во заштитата од рак, затоа што ги блокира ензимите кои се вклучени во метаболизмот на хормоните и го спречуваат растот и ширењето на туморните клетки