Голем американски терминал за ЛНГ затворен поради експлозија, гасот ќе доцни во Европа

Експлозијата во еден од најголемите американски терминали за извоз на течен природен гас (ЛНГ) ќе доведе до намалување на извозот на американскиот гас на светските и европските пазари, кои веќе се под посебен притисок поради напорите на европските земји да запрат увоз на тој енергенс од Русија поради инвазијата врз Украина. Цената на гасот во Европа веднаш порасна.

Важен американски терминал за извоз на ЛНГ ќе биде затворен три недели поради пожарот што избувна на 8 јуни, јави Блумберг пренесувајќи изјава на портпаролот на компанијата Фрипорт ЛНГ.

Експлозијата во постројката во Тексас ќе го намали извозот на американски гас во време кога светот се соочува со недостиг, истакнува Блумберг, посочувајќи дека речиси една петтина од сите испораки на гас во странство од САД поминале преку тој терминал минатиот месец.

Во првите четири месеци од оваа година, САД испратија речиси три четвртини од својот ЛНГ во Европа, која сега добива речиси половина од снабдувањето со гас преку Атлантикот, додека европските земји се обидуваат да ја прекинат зависноста од руски енергенси поради инвазијата врз Украина

Back to top button
Close