Голем интерес за субвенционирање велосипеди во Струмица

 На првиот ден од објавувањето на јавниот оглас за субвенционирање за купување нов велосипед од страна на Општина Струмица 52 граѓани поднеле апликации за субвениции, соопштија од Општината.

-Вчера до 16 часот, 52 граѓани поднеле апликации за субвенции, а во текот на денешниот ден бројката на заинтересирани постојано расте, информираат од локалната самоуправа.

Градоначалникот на Струмица, Коста Јаневски вчера соопшти дека субвенцинирањето е до максимални четири илјади денари, односно до исцрпување на средствата што се определени за таа намена. Вкупниот износ што ќе го субвенционира општината изнесува околу 800 илјади денари, а оваа мерка ќе важи до 30 септември годинава. Јавниот повик се реализира по принципот „прв дојден, прв услужен“.

Back to top button
Close