Голема победа на албанските социјалисти на локалните избори

Во Албанија на вчерашните локални избори, опозицијата на тандемот Сали Бериша – Илир Мета претрпе фијаско. Се очекува гокема победа на Социјалистичката партија предводена од премиерот Еди Рама .

Државната изборна комисија во Тирана соопшти дека до 14 часот завршија пребројувањето на гласовите од локалните избори во земјата во 39 општини. Претседателот на комисијата Илиријан Целибаши соопшти дека од завршеното пребројување во 39 од вкупно 61 општина , така што дури во 33 победија социјалистите на премиерот Еди Рама. Според истиот извор и во преостанатите 22 општини во голема предност е албанската левица . Интересно е да се нагласи дека за прв пат социјалистите победија во Скадар и неколку помали општини во северот на земјата до сега беа водени од Демократската партија, имајќи предвид и дека Бериша е од северот на Албанија.

Главниот град Тирана се очекува повторно да го води Ерион Велијај од Социјалистичката партија кои и сега е прв човек на албанскиот главен град.

 

Во општината Пустец повторно победи социјалистот Пали Колефски кој беше заеднички кандидат и на Македонската Алијанса за Европска интеграција . Главниот уредник на весникот ,,Илинден,, Никола Ѓурѓај за ,, Либертас,, изјави дека по победата на Колефски којосвои 63 насто од гласовите , во Советот на општината Пустец се избрани и 3 советници од редот на македонската партија . Премиерот и лидер на Социјалистите Еди Рама изјави дека над 5о тина општини е сигурно дека ке бидат раководени од социјалистите и додаде дека оваа е доказ дека Бериша и Мета треба да заминат од политилката сцена .

Албансаките медиуми исто така посебно внимание посветуваат и на победата на опозицијата ,, Заедно победуваме ,, во Химара каде кандидатот кој е во притвор Фреди Бејлери , е нов градоначалник . Истите извори наведуваат дека во Химара и понатамиу има тензии .

К. Мимидиноски

 

Back to top button
Close