Голманот на Сарагоса суспендиран 13 натпревари

– Голманот на шпанскиот второлигаш Сарагоса, Естебан Андрада (35), е суспендиран на 13 натпревари откако удри противнички играч во главата на неделното дерби против Хуеска.
Аргентинскиот голман доби суспензија од 12 натпревари поради удирање противник, а уште еден за црвен картон.
Андрада и неговиот клуб, исто така, ќе мораат да платат и парична казна.
Андрада доби втор жолт картон во последните минути од локалното дерби на Арагонија во шпанската Секунда откако го турна Хорхе Пулида, а потоа се нафрли кон противничкиот играч и го удри во главата.
Во тепачката што следеше на теренот исклучени беа и голманот на Хуеска, Дани Хименез, и гостинскиот дефанзивец Дани Тасенде.
Аргентинскиот голман, кој е на позајмица во Сарагоса од мексиканскиот Монтереј, им се извини на навивачите и клупското раководство по натпреварот.
„Многу ми е жал за непромислениот потег“, рече Андрада, кој испрати СМС-порака со извинување и до капитенот Хуеска.






