ГООООООООООООООЛ!

Ех, да бев спортски новинар, макар од нашиов телевизиски патриотски смер, да можев огнено да ја опишам фудбалската сензација на Македонија во Палермо! Ги победивме Италијанците во нивен стил: лекција од 92 минути дисциплинирано фудбалско „катанаџо“, речиси без ниту еден посериозен пропуст – и шокантен гол на Трајковски, две-три минути пред крајот, за директен влез во историјата!

Како по учебник. Милевски го нокаутираше Манчини, на негов терен, според нивната фудбалска „школа“. Без препишување.

 

Дури и на Би-Би-Си до полноќ бевме светски „брејкинг њуз“, со констатација дека Италијанците доминирале со поседот на топката, но не успеале „да ја пробијат резолутната македонска одбрана“… Париски „Л’Екип“ вели дека „Италијанците го вложија целото срце и целиот свој талент за да избегнат ново разочарување на Мундијалот“, но дека „фудбалот е суров кон тимовите коишто не знаат да ја искористат својата доминација“… Шпанската „Марка“ пишува дека во четвртокот вечерта „е испишана нова историја“ во светскиот фудбал со победата на Македонија, 67-от тим на ранг-листата на ФИФА, против актуелниот европски првак, Италија… „Кориере дело Спорт“ резигнирано заклучува дека „само осум месеци по уличните прослави за неверојатната европска титула, таа магична ноќ се претвори во кошмар“… Спортското издание на германскиот „Билд“, пак, уште во насловот ја сумира веста на вечерта: „Италијанска бламажа!“, со една реченица во таблоидниот поднаслов: „Парализирачки хорор во Италија

Колумната на Сашо Орданоски во целост прочитајте ја тука

 

Back to top button
Close