Град Скопје објави конкурс за идејни решенија за 3 летни сцени во паркот

Градот Скопје објави конкурс за избор на три партерни идејни решенија за „Летна отворена сцена“ на 3 локации во зелениот појас на Градскиот парк. Целта на оваа иницијатива е да се зголемат содржините во паркот. Идејните решенија се однесуваат на следните 3 локации:

– Локација број 1 : Површина во Градски Парк Скопје, која се наоѓа во првиот дел на паркот, односно во непосредна близина на езерцето;

– Локација број 2 : Површина во Градски парк Скопје, која се наоѓа спроти Сточарски институт;

– Локација број 3 : Површина во Градски парк Скопје , која се наоѓа во вториот дел на паркот, односно во непосредна близина на езерцето, спроти Кајак Кану клубот „Илинден 90“.

Back to top button
Close