Градоначалникот на Кавадарци Јанчев го осуди нападот кон ФФМ и ги брани односите со федерацијата

Како градоначалник на општина Кавадарци и доминантен сопственик на ГФК Тиквеш, Митко Јанчев во своја објава на социјалнит мрежи истакнува дека во изминатите години клубот постигнал значајни резултати, меѓу кои влез во Првата македонска фудбалска лига, опстанок во елитата, настапи во европски натпреварувања и враќање на фудбалската еуфорија во Кавадарци.

Тој се оградува и најостро го осудува, како што наведува, нападот кон ФФМ, нагласувајќи дека ниту една политичка партија ниту функционер нема влијание врз работењето на ФФМ или фудбалските клубови, вклучително и ГФК Тиквеш 1930 Кавадарци.

Во објавата се посочува дека постојат добри односи и соработка меѓу ФФМ, ГФК Тиквеш и него лично, како и заедничка посветеност кон развој на спортот и младинските категории во градот. Јанчев додава дека со претседателот на ФФМ, Масер Омерагиќ, досега немало недоразбирања и дека соработката секогаш била во интерес на фудбалот.

Исто така, се осудуваат навреди упатени кон ФФМ и клубот од поединци поврзани со клубови од Првата македонска фудбалска лига.

Како доминантен сопственик, заедно со останатите акционери, ќе се разгледа можноста за промени во стручниот штаб и во управата на клубот.

Јанчев порачува дека ГФК Тиквеш ќе продолжи да настапува со транспарентност, квалитет и спортски дух, со цел нови успеси пред кавадаречката публика.

Извор: skopje1.mk 

Back to top button
Close