Гренел и Маск ја загрозија положбата на Радио Слободна Европа и Гласот на Америка

Американскиот политичар, дипломат и аналитичар Ричард Гренел денес на социјалната мрежа „Х“ објави мислење за медиумите Радио Слободна Европа и Гласот на Америка:

„Радио Слободна Европа и Гласот на Америка се медиуми кои ги финансираат американските даночни обврзници. Тие се медиуми во државна сопственост и полни се со екстремни левичарски активисти. Соработката со новинарите во овие медиуми трае децении. Тоа е нешто што треба да остане во минатото. Не ни требаат државно финансирани медиуми“, изјави Гренел.

На неговиот став, се надоврза и технолошкиот могул Илон Маск, исто така на платформата „Х“, кој даде целосна поддршка на Гренел:

„Да, затворете ги. Европа е слободна сега (не сметајќи ја задушувачката бирократија). Здраво?? Никој веќе не ги слуша. Тие се само радикални левичари кои зборуваат сами со себе додека согоруваат милијарда долари годишно од џебовите на американските даночни обврзници“

Маск, како нов раководител на Одделот за ефикасност на владата, ја критикуваше федералната поддршка за медиумски организации како Политико, АП и Њујорк Тајмс, нарекувајќи ги неефикасни трошења на даноците и залагајќи се за нивно укинување.

Слично, Гренел, како специјален пратеник на Трамп, јавно го осуди трошењето на владата за медиумски претплати, поддржувајќи го ставот на Маск дека таквата поддршка треба веднаш да биде прекината.

Back to top button
Close