Гренел: Српската и косовската влада ќе ги запрат кампањите заради состанок во Вашингтон

Специјалниот пратеник на американскиот претседател за преговорите Белград-Приштина, Ричард Гренел, изјави денеска дека владите на Србија и на Косово се обврзале дека ќе ја запрат кампањата за повлекување на признавањето независност, односно за членство во меѓународни организации, заради состанок на претставници на двете страни во Вашингтон.

Средбата за дијалогот меѓу Србија и Косово ќе се одржи на 27 јуни во Белата куќа, соопшти Гренел преку Твитер.

„Ако која било страна е незадоволна од разговорите на 27 јуни, тогаш тие ќе се вратат во статус кво откако ќе го напуштат Вашингтон“, прецизираше Гренел.

Back to top button
Close